Малопродажните цени на нафтените деривати ноќеска на полноќ се зголемуваат од 0,5 до 1,5 денари по литар, во зависност за кој вид на гориво станува збор. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, со што литар ќе се продава по 80 денари, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, на 81,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, со што цената на Еуродизелот изнесува 72,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 61,00 ден/лит. Килограм мазут поскапува за 0,520 денари, со што новата цена ќе изнесува безмалку 43 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати ноќеска на полноќ се зголемуваат од 0,5 до 1,5 денари по литар, во зависност за кој вид на гориво станува збор, објави во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, со што литар ќе се продава по 80 денари, додека Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, на 81,5 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, со што цената на Еуродизелот изнесува 72,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 61,00 ден/лит.
Килограм мазут поскапува за 0,520 денари, со што новата цена ќе изнесува безмалку 43 денари.
Причината за оваа блага нагорна корекција на цените на дериватите е во зголемувањето на курсот на доларот за 1,71 отсто, додека просечната цена на нафтата на светските берзи во изминатите две недели биле непроменета.